Кошарка
Уште не е одговорено прашањето во кој ранг ќе се натпреварува прилепскиот клуб Мега баскет. Причина е најавената реформа од Кошаркарската федерација на Македонија. Според неа, се очекуваат три ранга: Прва лига А, Прва лига Б и Втора лига. Ако ова се оствари, тогаш Мега баскет би бил второлигаш, а не третолигаш, како што се очекуваше по пласманот на претпоследното 11. место од табелата во минатото првенство. Конечната одлука е најавена за првата декада од август.
Во Мега баскет се очекува и одлуката за тренер.
![]()

