Ракомет
Во средата, во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” машкиот ракометен суперлигаш Прилеп почна со подготовките за претстојната сезона. Под водство на новиот тренер Наум Танески прво се одржа состанок, потоа и првиот тренинг. Според планот, претстојат напорни тренинзи и пријателски натпревари до 6 септември, кога е првиот првенствен дуел, дома, со Еурофарм Пелистер 2 од Битола. Значајни тестови се на Меѓународниот турнир “Миле Нешкоски” од 21 до 24 август.
Во врска со играчите, има такви што ги продолжија договорите, а сосема нови се: Сандро Дарсанија (доаѓа од Португалија), Божидар Лековиќ (Азербејџан) и Димитар Димитриоски (Шпанија).
![]()

