Заврши Пиво Фестивалот 2025
Измина уште едно издание на Фестивалот на пивото и скарата, а Прилеп покажа дека ја чува традицијата, а посетителите од дома и странство, ја сакаат и уживаат во манифестацијата. Во најголемата летна манифестација во државава, од 18 до 20 јули, три дена беа исполнети со одлична музичка програма, вкусна скара и многу видови на ладно пиво.
– Годинашното издание на Пиво Фестивалот 2025, три фестивалски денови донесоа повеќе од музика, пиво и скара. Тие значат економски бенефит за градот, поддршка за локалните бизниси, нова енергија за угостителството и нова можност Прилеп што блесна пред илјадници посетители – вели градоначалникот Борче Јовчески.






Фестивалот со добрата организираност го враќа сјајот на манифестацијата на која прилепчани се горди. Имаше петнаесетина штандови, производи од шест пиварници од земјава и регионот.
За забавата се погрижија домашните и музичките имиња од соседството. Започна со настапите на Наташа Малинкова, Антонија Гиговска и на Камерниот оркестар од Битола со Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев. Продолжи со Јана Мрческа, група Калабалак, Дамјан Стојановски и големата балканска легенда, Харис Џиновиќ. Последната вечер беше со македонски бендови Екстра Бенд и Модерато, Тајзи и за крај Никола Роквиќ во негов препознатлив стил ги освои срцата на присутните со незаборавни хитови.
Година се врати алтернативната бина (Камена Бина) на Пиво Фестивалот со настапи на ДЈ-и, кои се погрижија забавата да продолжи и по завршувањето на програмата на централната бина.
![]()


