ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (297) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Како и новиот сват Колески Ќире фамилијарно свато Ќире, сваќата Кирејца Велика, младоженецот сино Благоја, невестата Слободанка Ристева, ќерка недавно бегалка, а мажена за Благоја, золвите Дуна и Љуба и Стеваноски Живко со сестра му Илина, Танески Крсте. Имаше повеќе Дамјаноски роднини, гости во интерес за да се стрета со новите Колески роднини со свато Ќире и со неговата тајфа. Гостинските трпези наредени од сé и сешто, сé беше погодено, само немаше музика због бабата Дамјаница Ристана која почина на третиот ден на Велигден. Младите гости со еден мал престо е напуштија Дамјаноската домаќинска куќа полна со гости и замина во комшивската куќа кај Василоски Милан Борачо.

Групата од младината во состав со свирачите со песни и ора влегоја весели кај Василоски Милан. Пречекани со сите почасти од сé што имаше на гостинските трпези. На гостинските трпези имаше гости, повеќето беа од надворешниот свет.

Прибраќата на Милан, Неданоски – Делоски Блаже и Ристе од с. Штавица кои како мали деца тука се растени. Кога порастиле возрани момчиња се вратиле на татковината во с. Штавица. За време на Првата светска војна нивниот татко Андон Неданоски Делоски загинал на фронто. Нивната мајка Митра Бачоска родена во с. Кокре како вдовица со три деца се премажила за исто така вдовец Дамјаноски Стојан. Митра кај Стојан однела три деца: Блаже, Крста и Ристе. Стојан вдовецот останал со две деца, Васка и Милан. Нивната мајка Благуна родена Гулеска во с. Мојно умрела за време во Првата светска војна. Стојан и втората му жена Митра родија три деца, Цвета, Кита и Тодорка.

Сестрата Цвета е гостинка со момчето Блаже Ширко од с. Мало Рувци. БраЌата на домаќинката Миланица Аргида, Ордан и Спасе Перкоски од прилепско Алинци. Сигорно наредниот ден ќе е посетат и постарата сестра Цвета Тодорица, мајка на Лазар Јованоски. Сестра му на Милан со момчето Павлески Ванчо ловџијата, Тантуш Ванчо бончанец преселен во с. Канатларци, син на Трена Василсока, внук од сестра на Стојан, Димитријоски Милан со присестра му Славка Танески Ристески Тане и внук му Тоде Миланови крстеници. Од една мала пауза свирачите Нацко, Симон и Петре одсвирија неколку песни и ора, ораџите го раздрма штиченото душеме, е напуштија гостинската куќа од Милан Василоски замина кај Котески Ќорќија, ги оставија гостите кај Милан за да продолжат да гостинува.

Младите како гости во поголемо друштво весело влегоја во куќата на Котески Ѓорѓија која се навоѓа на источната страна на Јужното маало Трета бригада. Гостите младинците беа пречекани убаво, здравувани со домаќините и дотогаш дојдените гости. Виталниот осумдесет итри годишниот дедо Илија седи на чело на гостинската машка трпеза во разговор со дојдените гости кој се на конак кај Ѓорѓија таа вечер.

Гости кои беа дојдени пред младината беа Писана со момчето Душан Дојчиноски од с. Бонче, втората ќерка Калина дојдена со свекорот Трајкоски Ристе Писокалецо и двете деца, внучињата Станко и Раде, деца од мајката Калина. Сите од с. Чумово. Но свекорот Ристе Писокалецот Тоде и Илија биле бугарски војници во една единица на фронто за време на Првата светска војна. Тоде Трајкоски Писокалецот загинал на бојното поле додека Илија преживеал ранет со еден куршум во главата и ден денес. Гостин братот на Ѓорѓица Анѓа, Пеоски Богоја од с. Бонче, гостин од Марул му беше комшијата Танески Трајан. Сите се отворени за разговор, ќе им помини убаво вечерното време за и сешто. Младинците направија во куќата веселба со ора и песни и групно замина в комши кај Василоски Трајан.

Водач на омладинската група од кај Ѓорѓија кај Трајан беше неговиот син осумнаесет годишниот Китан. Младинците и свирачите весело влегоја во домаќинската куќа од Трајан, исто така и весело пречекани од домаќините. Поседнати на гостинската трпеза и почестени домаќински. Гости кај Трајан имаше. Аце Бабјак роден брат на домаќинката Трајаница Блага Бабјакоска кој живее иселен за домазет вдовец со едно дете за вдовицата Чона во с. Маково. Башески Колев Борис. Неговата жена Ристана со домаќинката Трајаница Блага се втори брачеди, Ѕуберовци од Подмол и Бабјаковци од Марул се деленици. Николоски Стојан Галабари исто така и неговата жена Божна родена во Подмол е Бабјакоска деленица. Ристески Богоја Танески со двете сестри Стева и Коца кои се Василоски Крштеници.

Аце Бабјак, брат на Бабјаците во Марул, весел човек ораџија, гајдаџија, песнаџија кој во разговорот рече, имате пофалба од мене за ова кое го правите вечерва, се негува нашата вера и традиција. Јас порастив во Марул. Го сакам Марул, само судбината ме оддели. Секоја година за Богородица и Св. Аранѓел идам во Марул, сета рода ми е во Марул, тука е мојата татковина. Исто така, Аце ги спомна Галабарите Петре и Ристе – Пецко и Ицко, негови врсници, ги нарече прави качаци со пиштолите в раце беа заватливи ин аши противници. Ние, Петре, јас и Ванѓел до дома ги бркаме. Остана сираци, мајка му Донка Чакмакоска од Мало Рувци му умре во Првата светска војна. Во тие наши пиштолски игри се приклучуваше Дојчиноски Јован – Јоле постар од нас педесет години, ама со дечки памет. Кога порастиме сите се смириме Бабјаците и Галабарите. Судбината не раздели, мене ме отера во маково, а Ристе Галабаро кај карбевци во Мало Рувци, рече Аце Бабјак во разговоро. Се одсвирија неколку песни и ора, младината комплетно влезе во соседната врата кај брато Василоски Алексо.   

Продолжува    

Loading