МОДЕРЕН ЕХО АПАРАТ ЗА МУСКУЛНО СКЕЛЕТНИОТ СИСТЕМ – ДОНАЦИЈА ОД ШВЕДСКА

Во Ортопедското одделение в болница

Модерен ултрасонографски ехо апарат, специјализиран за преглед на целиот мускулно – скелетен систем, на Одделението за ортопедија в болница, донира хуманитарната организација “Ханд тилл Ханд” од Шведска. Новиот апарат, вреден 15 800 евра, ќе биде замена на веќе дотраениот 32 години стар апарат, кој досега се користеше за прегледи на новороденчиња.  Ќе се користи за рано откривање на развојно пореметување на колковите кај доенчињата уште од двомесечна возраст на детето, по што следуваат контроли на 4, 6, 9 и 12 месеци.

Овој метод за првпат е воведен во медицинската пракса во Австрија од страна на Проф. Рајнхард Граф во 1983 година, а потоа и во некои други европски земји. Во нашата здравствена установа овој скрининг метод, прв почнал да го практикува Примариус Д-р Трајче Бошкоски во 1989год., само 6 години подоцна од воведувањето во европската медицинска пракса. Во 1993 година, во рамките на ортопедско – трауматолошкото одделение во болницата “Борка Талески почнал со работа кабинетот за детска ортопедија, со ехо апаратот што бил јапонска донација, а кој се користеше до денес.

– Со новиот ехо – апарат донација од “Ханд тилл Ханд” од Шведска, ќе продолжиме со постојаната пракса за следење на развојното пореметување на колковите во доенечка возраст, како за општина Прилеп, така и за соседните општини и други околни општини, преку закажани термини од страна на матичните доктори преку “Мој Термин”. Сега нашите доктори ќе продолжат со работа со овој нов, современ апарат. Досегашниот иако е во функција, но е со слаба резолуција и многу е користен. Донацијата е прекупотребна и благодарноста е огромна – рече д – р Кире Јоноски, специјалист ортопед и директор на прилепската болница.

Во последните три години се реализирани вкупно 3525 ехо прегледи на колкови кај доенчиња. Во просек, се прават по 100 прегледи месечно.

– Скринингот на колковите кај доенчињата, со кој сме пионери во државава е методот безбеден, нештетен. Апаратот е добредојден. Како метод на работа, е долгогодишна традиција во оддделението. 32 години го користиме апаратот и бевне пионери во земјава. Раното окривање на развојните пореметувања е значајно. Безбеден метод е, нештетен, многу важен. На новите генерации ортопеди ќе им го пренесеме искуството. Овој метод е заживеан во Австрија, Германија, Швајцарија. Сепак имаме здрава детска популација, но по некои статистики има шест промили пореметувања – вели Василе Василески, специјалист ортопед, раководител на ортопедско – трауматолошкото одделение.

Донацијата беше предадена од страна на Претседателката на организацијата “Ханд тилл Ханд”, Марија Росенгрен која има прилепски корен од фамилијата Пепељугоски.

– Идејата и љубовта за Прилеп и да помогнеме се многу големи. Апаратот може да се надградува. Пресудно беше што директорот рече дека апаратот е за деца и да им се помогне. Запознати сме со проблемите во здравството и затоа донираме. Благодарност до директорот што ја привати донацијата и што имаше готови проекти, што му треба, за да се реализира донацијата. Вредноста на апаратот е 15.800 евра, со две години гаранција. Секоја година апаратот може да се доградува. Полесно ќе се утврдува дијагнозата кај децата – изјави Марија Росенгрен, претседател на хуманитарната организација „Ханд тилл ханд” од Шведска.

Организацијата „Хантихант” од Шведска во Прилеп досега има донации во вредност од околу 700 000 евра во болницата и во други установи. Од 2013 година донираат и во други градови во Македонија.

ВРАБОТУВАЊЕ НА 124 ЛИЦА ОД КОИ 21 СЕ ОПШТ ЛЕКАР

Болницата доби согласност од Министерството за финансии за вработување на 124 лица, медицински персонал кои досега работеа со договор на дело. Меѓу нив се и 21 општ лекар, 49 медицински сестри и останат медицински работен кадар.

– Заедно со претходните осум специјализанти и лекарите кои ги трансформиравме од приватното во јавното здравство, значи само за оваа година ќе се вработат 30 општи лекари. Тоа е голема бројка. Освен што вложуваме во апаратура, вложуваме и во човечкиот потенцијал. Со тие 30 доктори имаме иднина – вели Кире Јоноски, директор на болницата.

Во втора фаза ќе се вработат 10-тина специјализанти. Бројот на специјалисти во одделенијата е проблем како и на другите јавни здравствени установи.

– Потребно е време лекарите да ја завршат специјализацијата. Затоа е битно што врабтивме 21 општ лекар кој ќе продолжат на специјализација со што го градиме професионалниот кадар – рече Јоноски.

Повеќе општествено одговорни компании во изминатиот период со донации придонесоа за значително подобрување на здравствените услуги, но и за воведување на нови услуги кои досега не им беа на располагање на прилепчани и граѓаните од соседните општини.

Loading