Таранто
Италијанскиот град Таранто, сместен е на брегот на Јонското море. Изобилува со богата историја и знаменитости. Првиот впечаток е дека градските власти не посветуваат многу внимание на надворешниот изглед на објектите во стариот дел. Изгледаат старо, истрошено, со излупени фасади. Можеби заради таа глетка се смета дека Таранто е малку посиромашен јужен град, покрај тоа што има наплив на туристи. Како и во сите други приморски градови распос;ан е низ тесни калдрмисани улички, небаре лавиринт. Се протегаат низ импресивниот град од “минатото”.

А, сите тргнуваат токму низ сокачињата и се стигнува до катедралата Св. Каталда. Посветена е на ирскиот монах кој живеел и е погребан тука во 7 век. Катедралата датира од 11 век. Една е од најстарите градби во Апулија. Таа е “мамка” за туристите. Бидејќи е град од времето кога бил познат како Тарас, има значајно археолошко наследство, чувано во музејот со бројни артефакти, вклучувајќи ја и најголемата збирка на теракотни фигури на светот.

Низ стариот дел се минува крај Посејдоновиот храм. Сепак, главната причина и атракција е величенствената тврдина Сан Анѓел. Таа е стара фортификациска градба од времето на грчката окупација од 3-4 век п.н.е. Прогласена е за најдобра знаменитост на Таранто. Од двете страни е заобиколена со море. Привлекува внатрешноста. Потоа патот води преку мостот, од другата страна со фасцинантен поглед на тврдината и на морето. Се минува низ уреденото шеталиште со неколку споменици, кои го предизвикуваат интересот. Очите се влечени и од кафулињата за одмор со вкусните италијанско кафиња.

Предностите е што нема толку голем метеж. Посетителите лесно и непречено можат да ги полната сетилата за вид. Погледот го влечат рестораните со раскошна понуда на вкусна морска храна, подготвена со италијански мерудии.
Затоа Таранто е совршена комбинација на историја, култура, традиција, со прекрасни пејзажи и вкусна храна, што го прават идеално место за авантура во било кое време од годината.
Текст и фото Каролина Мицевска
![]()

