Дињата е едногодише жолт, многу сочен, благ плод во различна големина. Содржи вода, шеќер, белковини, лимонска киселина, каротен, витамин Ц, соли на бакар, цинк, железо и етерско масло. Поседува 19 витамини и минерали за јакнење на имунолошкиот систем. Детоксицира, го хидрира и алкализира телото. Без проблем се апсорбира во телото. Одлична е за наутро на празен стомак.
Богатството со витамин Ц е важно, оти му помага на имунолошкиот систем во борбата против бактерии и вируси. Ги смирува нервите и ги елиминира стравовите. Го одржува пулсот во нормални граници, дури и под силен стрес, едновремено опуштајќи ги мускулите. Плус, го намалува крвниот притисок. Витаминот А превенира катаракта и го подобрува здравјето на очите. Го солободува телото од вишокот на натриум.
Како лек ја смирува воспалената слузница на дишните органи и ја стимулира функцијата на бубрезите. Се користи како облога на отечено место за смирување на болки при убод од инсекти.
Семките се мелат, се мешаат со вода, се оставаат да отстојат 30 минути и се користат како емулзија за прочистување.
Чај од семките се користи за сузбивање на бактериски инфекции на мочните патишта. Една супена лажица семки од диња, се варат 10-15 минути, во половина литар вода. Се поклопуваат, киснат половина час, потоа течноста се процедува и пие во текот на денот, место вода.
![]()

