Деспина е прволигаш

Фудбал

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да има две женски лиги во претстојната сезона. Покрај Супер лига, се оформува и Прва лига. Така, според пласманот во минатогодишното суперлигашко првенство, во претстојнава сезона од Супер лигата ќе учествуваат 8 екипи: Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Вардар, Спартак (сите од Скопје), Астибо (Штип), Пелистер (Битола) и Куманово. Во Првата лига учесници се овие екипи: Деспина (Прилеп), Овче Поле СУ (Свети Николе), Ѓорче Петров 2, Шампион и Атлетик (Скопје), Стружанка (Струга) и Јехона (Гостивар). Значи екипата Деспина е во друштвото на прволигашите.

Наскоро ќе има ждрепка и распореди на натпреварите за двата ранга.

Loading