Дела од Филип Јовески

Изложба во Битола

Со наслов “Црно бел свет” отворена е изложба на нашиот уметник Филип Јовески во Битола. Тој е дел од уметниците на групата Инвиктус, составена од пет мултимедијални ликовни уметници, двајца членови на ДЛУБ – Вангел Крстиновски и Филип Јовески од Македонија и тројца од Србија – Ивана Кнежевич, Љубиша Пенев и Даница Веселинович. Изложбата ги обединува различните техники и пристапи во процесот на креација на членовите на групата. Делата се во акрил, акварел, туш и дрвени бои на хартија. Секој член се претставува со по 10 уметнички дела.

Групата е формирана пред една година по заедничкото учество на интернационалната ликовната колонија “Босилеград во боја” во Босилеград, Србија. Визијата на уметничкиот колектив е интернационалната соработка, заедништвото и создавањето на реални и имагинарни природни и урбани наративи.

Loading