Борба за спас на Победа

Фудбал

Од второлигашот Победа нема официјални информации, но за сé што се случува се дознава преку луѓе блиски на клубот.  Според нив, претстојат денови во борба за спас, бидејќи досегашниот тим што го водеше клубот решил да се повлечи, а на негово место немало пријавени. Неизвесно е кој може да го спаси клубот за кусо време, бидејќи се смета дека од понеделник натаму би било доцна, имајќи предвид дека треба бргу да се собере тренерски и играчки кадар, да се реализираат подготовки, да се оформи буџет… Оттука и апелот за помош од добронамерни, моќни луѓе, стопанственици. Помош се бара и од Општината.

Првенството стартува на 23 август.

Заминувања

Неофицијални се вестите и за заминувања на фудбалерите од Победа. Досега за заминати се зборува дека се Иван Николоски (Шкупи), Антонио Шемкоски (Големо Коњари), Метин Ќерими (?), Јусуф Каба (?), Бојан Ивчески (Кожуф), Леонид Кофиловски (Охрид), Давор Богевски (Слога Виница) и Салим Арифи (Митровица, Косово).

Преодниот рок е до 6 септември.

Loading