Последен се смее оној кому не му е до смеење.
*
Силните раководители се’ делат по нивно: доброто за нив, лошото за нас.
*
Цел живот го туркаа родителите, а тој сега ќе ја истурка – државата.
*
Индивидуалната несериозност доведува до масовни проблеми.
*
Не се умира од среќа! Среќните се бесмртни!
*
Со кого делиш тајни немој и – бајки!
*
Светот останува на младите, но не само за да ги враќаат долговите.
“Д-р Хаџи-Васков”
![]()

