Стартуваа тренинзите

Фудбал: Големо Коњари

Новиот второлигаш Големо Коњари ги почна подготовките за претстојното првенство. Пред новиот тренер Јовица Блажески се над 20 првотимци, меѓу нив и новите: Валентин Белески и Бојан Јовески (Питу Гули, Крушево), Антонио Шемкоски и Симон Николоски (Победа, Прилеп), Филип Станојоски (Слога, Лажани). Најавено е и приклучување на Зоран Даноски (Брегалница, Штип). Во врска со пријателските мечеви, првиот е на 24 јули со Победа (Валандово), вториот на 27 јули со Евротип (Битола).

Истовремено продолжува работата за дотерување на игралиштето.

Loading