Следното издание од септември

Фудбал: Бизнис лига

Иако Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп заврши на 24 јуни, дружењето на продолжува на разни начини. Тоа е смислата на натпреварувањето. Екипите, играчите, судиите и организаторитеимаа прекрасен собир во еден ресторан. Таму немаше ривали од паркетот. Тие се пријатели, другари кои разменуваат впечатоци, мислења за лигата. Се спомна  предлог за следното првенство да стартува во септември, со 12 до 14 тима.

Потсетуваме дека најуспешните екипи беа СОНК, Витаминка и Паркетар Горан Електроелемент.

Loading