Пиперките се полни со здравје

Бесплатна објава

Разнобојни, вкусни и многу здрави… Како пиперките влијаат на здравјето, растејќи во различни облици и бои?

Пиперките имаат екстремно ниски калории. Богати се со витамин Ц и други антиоксиданси. Во 100 гр. има само 31 калорија. Дури 92 отсто од плодот е вода. Содржи само 2,1 грам здрави влакна. Сладкиот вкус на пиперките се добива од шекерот. Го има прилично, дури шест на 100 грама. Само една црвена пиперка содржи скоро двојна доза потребен витамин Ц. Тука е и витаминот К1, важен за здравјето на коските, витамин Е за кожата, нервите и мускулите, витаминот Б6 за формирање на црвени крвни зрнца… Антиоксидансите во пиперките спречуваат оштетување на клетките и го штитат организмот од срцеви заболувања. Богати се со важни супстанци за здравје на очите и видот. Содржат железо, кое помага за подобра дистрибуција на кислород и во борбата со заморот и слабоста.

Loading