Фудбал: Победа
Во очекување стабилизација во второлигашот Победа, вести има само за заминување од клубот. Еден од капитените, младиот Леонид Кофиловски, веќе е примен како новодојден во Охрид. Прилепскиот клуб не може да смета ниту на Антонио Шемкоски, нов голман во Големо Коњари. Потсетуваме и на претходните заминати: голманите Иван Николоски (во Шкупи од Скопје) и Петар Талески (во Шкендија од Тетово), Метин Ќерими (не се знае во кој клуб), а за Јусуф Каба не се знае уште дали заминува или останува.
Преодниот рок е во тек, па се очекува и првиот новодојден во Победа.
![]()

