Фудбал: УЕФА
Младиот фудбалски судија Влатко Илиоски (31), кој годинава е на ФИФА-листата на главни судии, го имаше првиот меѓународен натпревар. Во рамките на Конференциската лига на УЕФА, како главен судија ја делеше правдата на Биркиркара (Малта) со Петрокуб (Молдавија). Во дуел со 8 жолти картони, победија домаќините со 1:0, иако гостите беа фаворити. Дознаваме дека од контролорот на судењето од Луксембург, има позитивни коментари. Се чека нов евро-предизвик за Илиоски.
Во сета криза во прилепскиот фудбал, еве и блесок во судискиот дел.
![]()

