Доматите се посебни за жените над 50 години

Доматите содржат изобилство на витамини, минерали и антиоксиданси Особено им се препорачуваат на жените над 50 години. Од тестенини и пици, до салати и сосови, доматите се омилени состојки речиси во сите кујни. Покрај одличниот вкус доминантен на летните трпези, тие се исклучително здрави и содржат бројни витамини, минерали и хранливи својства.

Доматот е зеленчук богат со витамини А, Б1, Б3, Б6, Ц и К. Содржи минерали како бакар, калиум, магнезиум, како и растителни влакна и шеќер. Експертите се согласуваат дека доматите се совршена храна за сите генерации, но имаат посебни позитивни ефекти кај жените постари од 50 години.

Зошто?

Има 4 причини зошто жените над 50 години треба да јадат повеќе домати.

Позитивно влијаат на здравјето на срцето. Помагаат во одржувањето на кардиоваскуларното здравје. Богати се со ликопен, каротеноид кој на доматите им ја дава карактеристичната црвена боја. Ликопенот значително  го намалува ризикот и спречува кардиоваскуларни болести. Помага на целокупното здравје на срцето. Доматите се добар извор на калиум, кој е еден меѓу најзначајните минерали за срцето.

Успешни се за нега на кожата. Ликопенот е антиоксиданс и помага во негување на кожата. Не се замена за крем со фактор кој го намалува ризикот од УВ зрачење. Само í помагаат на кожата да се заштити при сончање.

Доматите се здравјето на очите. Богати се со фитохемикалии, каротеноиди како бета каротен и лупин. Овие соединенија позитивно влијаат на доброто здравје на очите, особено како што старее телото.

Една од главните причини што доматите се препорачуваат за жени над 50 години е тоа што тие можат да помогнат во олеснување на симптомите на менопауза. Содржат значителна доза на витамин Б6, кој е од витално значење за рамнотежата на естрогенот и прогестеронот. Кога овие хормони не се во рамнотежа, тешко се контролираат симптомите на менопаузата. Пихолошките симптоми кои преовладуваат пред, за време и по менопаузата може да бидат поврзани со оксидативниот стрес. Важно е антиоксидантното дејство на ликопенот кој е позастапен во доматниот сок отколку во свежите плодови. Здравјето на жените поради вишокот килограми може да биде загрозено по менопаузата, поради зголемената тежина која е придружена со ризик од покачени триглицериди во крвта. Сокот од домати ги намалува триглицеридите, го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот.

Loading