Од нова година на Рид
Од почетокот на идната година се очекува да се адаптира простор на месната заедница Рид за Центарот за дневен престој на 48 стари лица со активно стареење. Тоа е значаен чекор за градење хумано, инклузивно и грижливо општество. Проект е заеднички, на Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, Минситертвото за трруд и Светската банка. Услугите ќе биде од Центарот за развој и едукација.
Адаптацијата, реконструкцијата и опремувањето на просторот ќе чини околу два милиони денари. Околу 5 милиони денари се за вработување на 4 лица и режиски трошоци за одржување.
Постарите граѓани ќе можат секојдневно да користат услуги на социјализација, здравствена поддршка, едукативни и културни услуги од професионален кадар.
– Горди сме што со воспоставување на овој Центар се јакни пристапот до социјална заштита и демонстрира грижа за сограѓаните. Центарот е симбол на меѓугенерациска солидарност и потврда дека секоја категорија на граѓани заслужува достоинствен живот – изјави градоначалникот Борче Јовчески.
![]()

