Брера наместо Победа

Фудбал: Меѓународен меч

Несекојдневен настан во Прилеп. На Градскиот стадион “Гоце Делчев” наместо да игра прилепскиот второлигаш Победа, настапи струмичкиот прволигаш Брера. Измената е поради тоа што Победа нема почнато подготовки. На неутрален терен се одигра пријателскиот меѓународен дуел Брера (Струмица) – Фав АЦ (Виена, Австрија). Гостите беа поуспешни за еден гол, па резултатот е 0:1. Стрелец: Бени Шминцериоп во 89. минута.

Прилепчани беа судиите Кирил Смоквоски, Иле Мишески и Борис Трајков, играчот Андреј Аризанкоски (Брера) и тренерот Илчо Наумоски (Фав АЦ).

Loading