Остатоците од некогашната Алкомена кај селото Бучин се керамика неколку пишувани документи на плочи со името на Алкомена, по некоја монета, сад…. На ридот Тупало се забележува обзидис од Алкомена во ист мермер и украси како други антички градови во Пелагонија. Наликува на Персида кај Црнобуки што таткото на Персеј царот Филип Пети го изградил за синот и го нарекол со исто име, по традиција во Македонија, градовите да се именуваат по царевите и боговите. Ридот, како стратешко место, се избирал околу Црна Река за градовите во Пелагонија. Таков избор е направен и за Алкомена од три страни обиколен со реката во полукруг, заштитена од поплави и со добра видливост од секоја страна.
Важно за Алкомена, Стибера, Хераклеја и целиот комплекс на градови од бронзениот и неолитскиот период се што имаат обзидис од делкан камен без малтер со ѕидови 2-3 метра широчина, понекогаш со двојни ѕидови, порти, кули. Има остатоци од стари светилишта посветени на македонските божества. Таму се откопуваат статуи и плочи со натпис. Колку подлабоко се копа излегуваат повеќе сведоштва за вистинската историја на Македонија.
Во Алкомена најден е малку накршен медалјон на Артемида со атрибути на божицата што го ловела еленот по околните шуми. Најважни се двете плочи со натпис за Алкомена. Однесени се во храмот во селото Бела Црква. Околу темелите ставени се и други мермерни плочи со писмо, сите испрскани со цемент.
Низ Пелагонија вообичаено е археолошкиот материјал да се остава во дворовите и в црква. Во Тополчани има седум антички мермери, а неколку подножја за столбови повторно се затрупани вдолж северниот ѕид крај црквата Св. Спас. Археолозите како да немаат интерес да ги приберат. Само римска и хеленистичка археологија се испитува како да таа не е македонска.
На плочите со натписи позната е содржината. На двете плочи текстот се однесува за прослави што македонските владетели заедно со народот ги приредувале според тогашните обичаи и сегашните празнувања на слави на селата и општонародни празници. Во едната плоча од Алкомена стои дека Дуле на Никола му врачил писмена наредба да го организира празникот Димене зошто ќе дошол Василевс Филипој. Археолозите се двоумат дали тоа е Филип Втори или Филип Пети и дали Димене бил римски празник на некое римско божество. Се знае дека Римјаните немале писмо ни присуство кога македонски цар приредува прослава. Плочката од Алкомена зборува за Дамене како македонски месец во кој се празнуваат задушници на денешен Дуовден. Царот доаѓа да оддаде почит на близок роднина од македонското царско семејство. Во Алкомена има гробници од царското семејство. Таков цар може да биде само Филип Втори кој своите роднини Линкестидските кралеви, мајката Евридика, братучеди и други великодостојници раскошно го пречекувале и тој доаѓал можеби директно од некоја битка заедно со својот генерал Кратер од Алкомена, затоа празникот имал толку големо значење.
На втората мермерна плоча натписот е во вид на тестамент според кој требало да се слави празникот 25 септември секоја година од фондацијата на Агрестијан. На градскиот жртвеник на Зевс и Хера да се жртвува јагне, птица со тесто и колачиња со мед и ореви и да се веселат. Писмото е македонско, рецептот, управникот на градот и сé друго е македонско од македонското царство низ Пелагонија. Со тоа се потврдува постоењето на прослава на Зевс во Алкомена, таткото на Херакле.
Кај селото Бонче се откопа македонска гробница. Најдени се штитови од гардата на царот Димитрие, наследник на Тесалоника ќерка на Филип и сестра на Александар. Македонија нема само грчка и римска археологија. Со плочата од Алкомена јасно се гледаат македонските обичаи поврзани со македонскиот цар.
![]()


