Ракомет: Турнир “Миле Нешкоски”
Традицијата продолжува. Од 21 до 24 август е десетото издание на Меморијалниот меѓународен турнир “Миле Нешкоски” за сеќавање на истакнатиот ракометар и репрезентативец. Најавени се две групи, во првата Прилеп, Бутел (Скопје) и Тиквеш (Кавадарци), а во втората Црвена звезда (Белград, Србија), Пролет (Скопје) и Пелистер Еурофарм 2 (Битола). Натпреварите се во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.
Минатата година победник беше Охрид.
![]()


