Во Охрид, сред туристичка сезона:
– Ајде повелите да се повозите со кајче.
– Не фала, од Охрид сне.
– Ам шо аку, оние од Прилеп тутун не пушат?
Разговараат тројца човекојадци.
Првиот вели:– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:– А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:– Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А дури кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!
![]()

