Фудбал: Победа
Од Победа нема инфо каква е состојбата во клубот. За преодниот рок (денешниот е 27-ми ден), дознаваме дека заминале неколкумина, како голманите Иван Николоски (во Шкупи од Скопје) и Петар Талески (во Шкендија од Тетово). Интересно е што Талески има само 15 години. Талентот му е забележан не само во младите категории на Победа, ами и во меѓународните настапи за репрезентациите. Заминат се смета и Метин Ќерими (не се знае во кој клуб), а за Јусуф Каба се зборува дека би сакал да остане.
Досега нема дојдени во клубот, чиј прв летен тренинг е најавен за деновиве.
![]()

