Фељтон: Томе Велјановски
3.
На свекорот на невестата Благојојца Слободанка Колеска, на Ќире, неговата маштеја Крстејца Митра Колеска на Јанкоска Крстејца Дуна и е тетка. А, додека на Кржеска Талејца Пауна и е тетка на нејзината мајка Чона, сестра по лозата Мамалигоска од село Мојно од старото родство од Колешковци. Мајка му на Катиноски – Талески Вецко и е ќерка на Митра Талејца Јованоска Курелоска од с. Марул. Митра и Дамјан, децата на Слободанка се сестра и брат од иста мајка од Доста Невена и татко е на Слободанка, Ристе се први брачеди.
Саботкоски Митре од Подмол и Дамјаноски Дамјан од Марул се полубраќа од иста мајка Доста. Митревите деца Ѓорѓија, Тале, Менка и Мара се први брачеди со Дамјановите деца Ѓурѓа, Стојна, Ристе, Никола и Петкана.
Третото дете, братчето на Митра и Митре сираче дадено име Тодор кај некој си Николовци кои немале своја челад, деца. Тодор порастил кај новите родители од Николовци и го ожениле од Аспровци од с. Мојно. Тодор со брачната жена немале деца, затоа Тодор и неговата жена зеле дете ранениче од брато од жената од Аспровци по име Блаже. Аспрата Блаже и Ристе Дамјаноски иако не се крвна рода се поштова како рода према Тодор и Дамјан.
Тодор како навика во разговорот со други лица си имал еден негов збор кој му означувал како – демек чекле. Подмолци како прилепчани мајтапчи Тодор го викале Тодор Чекле.
Четвртото дете Тале сираче, брат на Дамјан бил даден ранениче во с. Лагово, засега непозната фамилија. Тале порастил момче, неговите нови родители го ожениле Тале за убава девојка со која имале три деца, девојчиња Велика, Маса, Митра. Турските аги бегови од с. Беровци од завид према личната Талева жена силеџиски му е зеле. Тале отишол во Беровци да си е бара жената. Тале таму насилниците смртно го убија. Трите деца останале сирачиња, без родители. Децата Велика, Маса и Митра, стрико му Митре Саботкоски ги присвоил во Подмол. Митре стрикото ги порастил внучињата и ги удомил. Велика се омажила во с. Црничани. Митра се омажила во с. Могила. Маса се омажила во с. Добрушево, но момчето набрзо и умрело. Маса се премажила во с. Подмол за Москоски Ристе. Ристе и Маса изродиле четири деца Ванѓел, Злата, Киска и Трајан. Тале и Дамјан се полубраќа од иста мајка, додека нивните деца Велика, Митра и Маса со Дамјановите деца Ѓурѓа, Стојна, Ристе, Никола и Петкана се први брачеди.
Ова шетање на младоженците во придружба со нивните придружници свекор, свекрва и золва во една фамилијарна тајфа е чест и почит поштовање према домаќинствата од кои биле поканети на ова традиционална селска слава Св. Митровден во с. Подмол. Додека се прошетат повеќе домаќинства каначи, времето врви и ретко стасуват тајфи пред ручек за на средселото.
После ручекот на средселото се видоја повеќе млади парови со нивните придружувачи тајфи, меѓу нив и марулската тројка Јанкоски Крсте, Бошески Коле и Колески Ќире со младите марулски брачни парови Јанкоски Трајче со невестата Верка, Бошески Трајче со невестата Спасија и Колески Благоја со невестата Слободанка развеселени на ората и песните во таборо на народо при свирката на марулските свирачи на кларинетистите Нацко, Симон и тапанџијата Петре. Нацко и Петре се Мурџески, додека Симон е Чонески. На средселото, убав денот, сончев со повеќе музика меѓу нив и гајдаџијата прочуен во нашите краеви Торне од с. Црничани. Со неговата гајда повеќе од неговата постара генерација ораџи, ора водат и песни пеат.
Сепак марулските свирачи према погледот во бројчаноста беа подоминантни према другите свирачи. Не по тоа што правеа поквалитетна музика од другите свирачи, него по тоа што Горните наши села наоколу Подмол се повеќе нивни роднини и познајници односно пријатели.
Сонцето одеше назад, народот почна лека полека да го напушта средселото во Подмол и да си оди за дома. Митровден денот заврши мирно без нарушен ред. Средселото се испразни, остана повеќе моми поседалки во селото заедно со подмолската младина да го развеселуват секое вечерно корзо од под куќата на Кристо Мариоски, па се до продавницата селска до Толе Дамјаноски и да се чека од в година за друг Св. Митровден во с. Подмол.
Денот Митровден остава повеќе белези да е поминат. Денот е осетно намален со помала светлина и топлина. Сеидбата в поле тук так е при крај. Договорите со полскиот чувар, полјакот, говадарите и овчарите е завршена од пред летото. Додека не се најдат нови измеќари селото останува со испразнети места за преку летото беа летни овчари, сега се двојно повеќе со помали булуци кој се поголеми, полето го красат.
Денот е 20 ноември, во Марул вечер започнува кај повеќе домаќинства куќна слава Св. Аранѓел. Во нашето село од целокупното домаќинство во селото од педесет и едно домаќинство кои го слават Св. Аранѓел. Штотуку прекршува денот веќе куќите оџаци почнуват да чадат. Домаќинките почнуват да припремат разни гозби вечерни јадења за гостите кои ќе дојдат вечерта на слава.
Нацко веќе е припрема музиката, преку денот беше овчарче во Раѓаливада, кларинетот го нагласуваше, подесуваше. Штотуку се замрачи, за младите беше зборно место на средселото за вечерта младите за да шетат по куќи со музика. Од кај средселото се тргна за вечерна прошетка за славата Св. Аранѓел по куќи со музиката, исто како на Коледе и Василица од кај Јолевци. Само разликата од зимошното шетање и сега не е иста, во тоа што сега за Св. Аранѓел има помалце присутни лица. Пролетоска во март замина тројца врвни младинци на остлужување на воениот рок во ЈНА. Митрески ПетреМурџески, Ристески Ќиро Танески, Ристески Сребре Танески. Во септември замина војник Петрески Крсте Бабјак.
Исто така, осум ученици со завршено основно четврто одделение замина надвор од нашето село Марул за дошколување за основно образование каде што има училишта за таков смер надвор од с. Марул. И тоа Атанасоски Алексов Јосиф Танески, Атанасоски Дончов Сребре Танески, Велјаноски Димков Благоја Танески, Дамјаноски Ристев Јован Дамјаноски, Здравески Атанасов Меотдија Чонески, Јошески Петрев Данчо Котески, Новачески Живков Велјан Димитријоски, Павлески Игнев Миле Јоноски, Петрески ванчов Китан Мурџески, како и на редовните ученици до четврто одделение од нашето училиште Велјан Новачески во Марул. Тројцата врвни ергени се оженија Јанкоски Трајче, Бошески Трајче и Колески Благоја се подомаќинија и си седна дома.
Иако имаше помалце присутни младинци, сепак беше доволно за да се спроведи вечерната веселба од помладата генерација аранѓелската прослава вечерта во Марул. Со помладата генерација со Василоски Китан, Велјаноски Методија Танески, Дамјаноски Благоја, Здравески Симон Чонески, Митрески Коста Мурџески, Мојсоски Цветан Колески, Ѓорѓијоски Данчо Курелоски, Павлески Павле Петрески, Петрески Нацко кларинетисто Мурџески, Петрески Петре Тапанџијата Мурџески, Ризоски Драган Бошески, Ристески Спасе Танески, Ристески Атанас Јанкоски, Ѓорѓијоски Ванчо Јанкоски, Јовчески Томе Велјаноски.
Продолжува
![]()

