Не им “можат” ништо, жеското време и високите температури на пензионерите. Активни се во летните денови. Нема викенд да не организираат некоја екскурзија до познати и историски места во земјата и во странство. Покрај трите заеднички, од планираните осум, идната недела околу 200 пензионери ќе патуваат за селото Лешок и Шар Планина. Не ги спречува возраста, туку патувањата им се задоволство, оти се дружат и запознаваат нови места. Екскурзиите преку Здружението се договараат и се прават списоци по сите 19 разграноци. Некои од разграноците самоиницијативно се организираат на “свои” прошетки, екскурзии до некои дестинации. Предначат од “Гоце Делчев”, со Јован Стефаноски, веќе организирале осум, а планираат уште толку во зависност од интересот.
Инаку, позитивно е оценето финасиското работење на Здружението во првото шестмесечје. Претседателите на разграноците под раководство на потпретседателката Славица Пожарска, во отсуство на претседателот Славко Трајкоски, констатираа домаќинско работење и наменско трошење на членарината. Тие ги разгледаа можностите за партиципирање во трошоците за помош при бањско лекување.
К.Р.
![]()

