Карпестиот град

Во италијанскиот регион Апулија е градот Полигнано а Маре. Последните години привлекува повеќе туристи заради спектакуларната местоположба и белите песочни плажи. Автентичниот италијански шарм мами.

Оддалечен 50 минути од Бари, сонцето силно грее, а сината морска вода плиска на сите страни. Се чувствува морски воздух. Рај за душата се прошетките крај брегот. На вооздишките им нема крај. Карпите, морето и куќите, вгнездени во брегот се фантастични и оставаат без здив.

Голем метеж е лете. Мераклиите по возбуди не се обесхрабруваат. Патот води кон стариот дел дел. Попатно се застанува на неколку панорамници за фасцинација на морето, карпите, плажите, пештерите…

Најинтересниот дел над клисурата од двете страни поделен со мост. Стариот дел е мал, со тесни улички, низ кои се чувствува атмосферата на историјата.  Плоштадот Виторио Емануел е главен. Тука е и катедралата. Погоре е терасата  со поглед на другитот дел од градот, од каде на видик е плажата Лама Моначиле.

Со премин преку капијата патот води за мостот Моначиле. Под него, по скали се слегува до плажата, а оттаму до плоштадот со споменикот на Доменико Модуњо, автор на хитот Воларе. И тука се гледа како на дланка друг дел од градот. Незаборавен поглед  за  крај на разгледот на Полигнано а Маре.

За да се “земе душа” се седнува во некој од бројните ресторани. Се вкусува  џелато, се пие италијанско вино или пиво… Долу се слегува по тесните скали до пештерите со легенди дека биле живеалиште на пирати.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading