И Столески е засилување

Ракомет: Прилеп

Многу летни новости во машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Покрај новиот шеф на Стручниот штаб, Наум Танески, бивш тренер на Струга и актуелен селектор на Младинската репрезентација на Македонија,  новите играчи се грузискиот десен бек Сандро Дарсанија од Португалија, црногорскиот десен бек Божидар Лековиќ од Азербејџан, левото крило-среден бек Димитар Димитриоски Ваљадолид, Шпанија,. Во клубот водат сметка и за најистакнатите во младинскиот погон. Потпишан е тригодишен договор со десниот бек/крило Марио Столески, надежен ракометар и репрезентативец во младите категории.

Одморот за првиот тим се уште трае.

Loading