ГИМНАСТИКАТА МИ ПОМОГНА ДА ГО ПОБЕДАМ КАРЦИНОМОТ

Александра Стојаноска (37), дипл. професор по физичка култура, тренер и меѓународен судија по естетска гимнастика

Александра Стојаноска (37) е пример за тоа како се сака професијата, како се пренесува знаењето на своите ученици и како гимнастиката и помогнала да го победи карциномот. Таа е дипломиран професор по физичка култура, тренер, национален судија по спортска и меѓународен судија по естетска гимнастика. Оваа спортска дисциплина ја прави поистрајна и поупорна. Со љубовта кон спортот, успеала да ја совлада опаката болест и повторно му се радува на животот.

Вели дека секој организам има придобивка од сите три дисциплини, блиски, а различни. Ритмичката гиманстика е со реквизити, естетската е групна, а спортската е на справи. Гимнастиката е базичен спорт за сите дисциплини кој ја развива првично моториката, придонесува за правилно држење на телото, за ориентација. Развој на целото тело преку гимнастички вежби. Се активираат сите мускулни групи, се подобрува координацијата, рамнотежата, флексибилноста и силата. Со вежбање препорачливо е да се почне од 4 годишна возраст.

– Во спортската гиманастика вклучени се и машки и женски, а во ритмичката и естетската повеќе девојчињата кои се поелегантни дисциплини. Според способностите, движењето, адреналинот, структурата на телото, децата ги определуваме во која од овие дисциплини да започнат да вежбаат. Ритмичката гимнастика, освен работата со реквизити, мора да има часови по класичен балет, за кој се ангажира балетан или кореограф. Тоа е како основа. Придобивка е здравиот психовизички развој. Спортската гимнастика е на справи, за женски греда, прескок, разбој, партер, за машки – коњ со рачки, вратило, разбој, партер, прескок, карики. Во ритмичката гимнастика хулахоп, јаже, чуњеви, лента и топка се реквизитите кои се користат. Естетската групна гимнастика (АГГ) е уметнички и елегантен спорт во кој група гимнастичарки настапуваат заедно и изведуваат хармонична, музички усогласена и емоционално изразена композиција – објаснува Александра Стојаноска (37), дипл. професор по физичка култура, тренер и меѓународен судија по естетска гимнастика.

Студирала во Бугарија каде гимнастика е национален спорт. Посетувала семинари и обуки, бидејќи работела две години во тамошни гимнастички клубови. Кога имала четири години станала член на клубот Партизан кој го посетувала до својата 12 годишна возраст. Учествувала на многу натпревари. Ја засакала гимнастиката и и станала професионална определба. Сега е педагог. Им покажува на учениците и ги води трпеливо да ја засакаат гимнастиката, да ги запозната убавините на овај спорт.

Успеси постигнуваат гимнастичарските клубови, иако треба да се подобрат условите за работа. Ако просторниот амбиент и греењето се решени за ритмичката и естетската гимнастика која се изведува во ОУ “Рампо Левката”, недостасува професионален теписон кој чини околу 5 – 6 илјади евра. Членовите од спортската гимнастика од клубот Паризан – Соколи Прилеп вежбаат во Партизан салата.

– Во гимнастичката сала справите треба да бидат наместени, салата да биди наменска, имаме потешкотија со местењето на справите. Имаме таленти, кои се закитуваат со медали. Да го напоменам Дино Бошњак кој беше балкански првак, а сега ја предводи словенечката гимнастичарска репрезентација. Таленти има. Тие се трудољубиви, но потребно е да се подобрат и условите. Потребни се понови справи, душеци, партер, аер траки… Салата не е загреана и гимнастичарите вежбаат со нараквици и капи во зима – вели Стојаноска.

Спортот и физичката култура, освен што придинесуваат за правилен раст и развој, туку делуваат и на психичкото здравје.

– Современиот живот, времето минато со телефоните да се замени со спорт, физичка активност. Тоа придонесува за подобрување на моториката. Личноста се мотивира, расте самодисциплината, никогаш да не се откажуваш. Тоа го потврдувам со личен пример. Важно е во животот да научиш да се бориш, не само на спортскиот терен, туку воопшто. Пред две години се оперирав од карцином на дојка. Спортот, односно гимнастиката, ми помогнаа да застанам пак на нозе, да се изборам – раскажува Стојаноска.

Таа е борец, со спортот ја извојувала најголемата животна битка. Успева да балансира меѓу обврските, како мајка на 4 и 8 годишни деца. Младите ги учи преку индивидуалните спортови како да се поддржуваат.

– Гимнастиката ми е повеќе од љубов. После работното време, пак останувам во салата повеќе од 10 часа. Значи дека си ја сакам професијата. Успехот е тој кој радува. Гиманстиката не е бизнис спорт, тука нема пари, треба да ја сакаш да ја работиш од срце и душа – вели Стојаноска.

Во Прилеп фунционираат три гимнастичарски клубови. За спортска гиманстика – Партизан “Соколи” Прилеп, каде го раководат дипломирани професори по физичка клутура и успешни гимнастичарки државни прваци  Мартина Јездиќ и Ивана Јанкоска и Александра Стојаноска. Клубот за ритмичка и естетска гимнастика е насловен “Авантгард” и таму тренер е Александра Стојаноска. Има уште еден клуб кој го раководи Валентин Ангелески и се вика “Партизан Прилеп”. Во секој клуб има по околу 60 членови.

Партизан Соколи за спорстка гимнастика

Партизан Соколи е трето рангиран од 6-те активни клубови по спортска гимнастика во држава. Имаме учесници во А и Б категорија во сите лиги кои континуирано покажуваат успеси и се закитуваат со медали. На Интернационалниот турнир во Нови Сад во ноември лани, нашиот учесник Дамјан Атанасоски беше осми меѓу 23 земји. По летната пауза продолжуваат со подготовките за државните првенства.

Авантгард во Лариса

Неодамна беме на Балканското првенство во естетска гимнастика во Лариса, Грција на 23 земји. Втор пат учествувавме. Нашиот клуб Авантгард член е на Светската федерација. Имавме две екипи, 10 – 12 години долга програма, и кратка програма од 12 до 14 години. Првенството траеше три дена. Успех беше што се пласиравме во финалето. Со ритмичката гимнастика учествуваме на меѓународни турнири насекаде на Балканов во сите категори и со сите реквизити. Има завидни резултати .

Наскоро Федерација за естетска гимнастика

Идејата ми е да ја формирам првата Федерација за естетска гимнастика во држав. Треба да се обединиме 5 клубови да ја претставуваме репрезентативно државата. Естетската гимнастика е многу актуелна во светот. Неодмана Прилеп беше домаќин на првиот национален семинар за судии и тренери за естетска гимнастика. Предавач беше потпретседателката на светската гимнастичарска федерација Елена Дукова. Имаше тренери и натпреварувачи од Скопје, Кавадарци, Битола и Прилеп.

Уметност во движење

ако тренер, верувам дека естетската и ритмичката гимнастика нудат нешто уникатно . Тие не се само спортови, туку уметност во движење. Сакам што повеќе деца да ја запознаат оваа дисциплина, затоа што се развива не само телото, туку и карактерот, самодовербата и тимската култура. Нашата цел е да изградиме една нова спортска приказна во нашата држава, да дадеме можност на секое девојче да блесне на подиумот, да се изрази преку движење и музика. Овој спорт заслужува внимание и поддршка. Тука сум да го направам тоа со работа, посветеност и љубов кон гимнастиката.

Loading