Божји пијалак

Ајдучката трева е позната и како столисник. Богата е со историја во народната медицина. Ценета е поради лековити својства. Таа е природен лек за ублажување на различни тегоби. Може да се преточи во ароматичен ликер,  што се комбинира со благодетите со пријатен вкус кој помага кај ангина пекторис, гастритис, гихт, ревма и чиреви…

Ликерот од ајдучка трева се подготвува едноставно. Дава извонреден резултат.

Потребно е 8 гранчиња свежа ајдучка трева, цвет и мек дел од стеблото со листови, 1/2 литар ракија, 1/2 литар вода, 7 супени лажици шеќер или мед. Се сечкаат свежите гранчиња од ајдучка трева, вклучувајќи ги цвеќињата и мекиот дел од стеблото со листови. Се ставаат во чист стаклен сад. Се преливаат со 1/2 литар ракија. Се затвора и остава на светло место, не директно на сонце, со умерена светлина. Стои 7 дена. Потоа се цеди ракијата да се отстранат деловите од билката. Во посебен сад, во 1/2 литар вода се додаваат 7 супени лажици шеќер и се загрева смесата додека шеќерот целосно се растопи, односно додека се добие шербет. Се остава го шербетот да се олади на собна температура. Се меша ладниот шербет со цедената ракија. Ликерот се прелива во чисти стаклени шишиња и се чува на ладно и темно место.

Loading