АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога касата е празна ништо не може да се ветува.

*

Од мали причини се чинат и големи проблеми.

*

Наместо антикорупционери се’ повеќе талентирани корупционери.

*

Заљубени во себе не гледаат ништо околу себе.

*

Неговите грешки се само грешки на другите.

*

Страв од знаење имаат само незнајковците.

*

Откако ги истуркаа способните од сцената  сега нема што да покажат.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading