Живописен италијански град со богата историја

Бари

Италијанскиот град и пристаниште Бари е популарно место во Јужна Италија. Но, е и омилено летувалиште поради стотината  добро уредени плажи и значајни културни и историски знаменитости. Таму човек се чувствува опуштено.  Релаксира атмосферата на потпетицата на Апенинскиот полуостров, на брегот на Јадранското Море. Бари е значајно пристаниште. Место е на тргнување и на пристигнување на траекти и бродови од Албанија, Црна Гора, Грција, Хрватска…

Отсекогаш бил важен стратегиски град со близу 300.000 жители.  Климата е средоземна, но со доста високи температури цела година, особено во лето.  “Волшебствата” може да се осетат и ако се стаса со авион. Градот располага со аеродром. Туристите  го допираат градот и морето не само со пристап со траекти, крузери, туку и со воздушно летало.

Богата и бурна е историјата. Видливо е преку архитектурата, особено во стариот дел. Обиколен е со високи ѕидини, кои го штителе не само од ветрови во минатото. Привлекуваат тесните калдрмисани улички со белите згради со специфични балкони со железни огради. Спрострените алишта за сушење по терасите потсетува на нашиот менталитет.

Паѓа в очи, како сефте при разгледот, црквата Св. Никола. Таа е базилика од 11 век. Сместени се моштите на светецот. Често е преполн со туристи, затоа што многупати се празнува, а градските послави и традицијата се мамка за посетителите. За одбележување на празникот се отворени вратите од моштите на светецот. Вниманието го привлекува катедралата посветена на Св. Себастијан од 13 век. Во подземната крипта се наоѓаат древни реликвии. Сетилата ги “дразни” дворецот во Бари, со централен двор завиткана со бедеми. Оттука се открива величенствен поглед на градот. Покрај тврдината, патот оди за архитектонски интересниот плоштад Меркантил. Тука е театарот Петручели, кој е четврт по големина во Италија. По керамидестата боја се разликуваат од околните градби. Не е невозбудлива прошетката низ тесните улички, затоа што зад секој агол се крие некаква привленост која го “трга” окото. Грев е да не се почувствуваат водите на Јадранот на некоја од многуте плажи. Најпозната е Лидо сан Франциско. Не е евтин пристапот. Сонебран и дебела постела на лежалката може да се плати и до 30 евра. Има јавни плажи каде непречено можете да уживате во морето.

Бари е познат по добриот шопин. Туристите го “губат умот” поради ниските цени на брендираната не само италијанска облека. Голем пропуст е да се стапне на тлото Апенините и да не се проба некоја пица, паста или кафе. Италијанците уживаат  до гатстрономско лудило во морските специјалитети. Цените не се високи. Прошетката нужно е да се оконча со неизбежниот џелато – сладолед. Се добива висок квалите за парите, или две евра за топка

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading