Учесник е Велески

Шах: Турнир во Хрватска

Осмо издание е на “Шолта опен”, меѓународен шаховски турнир во Хрватска. Меѓу 85 учесници од 17 држави е прилепскиот фидемајстор Роберт Велески, единствениот Македонец. Дури 19 се со меѓународна титула – 4 велемајстори, 6 интермајстори и 9 фидемајстори, што зборува за високиот квалитет. Во првите 4 кола прилепчанецот двапати ремизира (со Хрватот Ангело Безиќ и со Полјакот ФМ Рафал Тимракиевич), двапати победи (со Ирецот Џорџ Вајт и со Хрватот Оливер-Цезар Бонавентур), а во петтото се сретна со Ирецот Никол Вајт.

Турнирот завршува на 6 јули.

Loading