Во КИЦ во Скопје
“Резови” е изложбата од уметниците Марјан Стојаноски и Стефан Анчевски, отворена во КИЦ во Скопје. Таа ги поврзува двајцата уметници со разни автономни и своеобразни ликовни изрази, обединети преку линијата како главен двигател во композициската наративност.
– Анчевски создава слободни отворени и шаховски композииции во кои е присутна хармонија по аналогија. Сликарската палета ја сочинуваат црната и белата боја, како и разни нијанси на сивата и кафеавата боја. Динамичните контурни линии во слободните асоцијативни апстракции на Стојаноски откриваат експресивен потег со брз и енергичен набој. Во сликарските творби контрастната игра на линиите со различни карактерни обележја (нежни и груби, меки и цврсти, разиграни и крути) и акцентираните боени површини го предводат визуелниот наратив и семиотички дијалог, непосредно изразувајќи ја личната богата имагинативност и сензибилност – вели м-р Викторија Димеска.
Двајцата неодамна се претставиај во КИЦ во Бугарија со сосема друг тип на изложба. Дипломци се на ФЛУ во Скопје.