ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (294) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Поради за прв пат дочекуват два нови сватови со тајва, Јанкоски Крсте, свекор со сопругата Дуна, синот Трајче, сната Трајчејца Верка и золвата Најденка беа вечерни гости.

Втората група на гости се Башески Коле свекоро, свекрвата Мара, зетот Трајче со невестата Трајчејца Спасија и золвиче малата внука Бисера. Значи кај Долните Павлевци Јоновци имаше музика со гајда од браќата Бабјакоски Ванѓел и Алексо, браќа на Јованчејца Анѓа во помош и нивниот зет гајдаџијата Павлески Јованче од Долните.

Денес е денот Митровден со куќна слава во нашето село Марул нема куќна слава со денот Митровден.

Денот Митровден е обележлив ден многу договори завршуват на Митровден како сеидбата, говедарството, овчарлоко, падарството итн. Така да пред Митровден, летни овчари во селото беа тринаесет после дено, ќе бидат повеќе селски зимни овчари. Досегашните селски говедари Ѓорѓијоски Дончо Јанкоски и на Јошески Петре Котески им заврши договорот како говедари на Митровден селските говеда и коњи сега се во грижа на своите стопани се додека не се пронајди нов говедар. На досегашниот полски чувар на полето Торнески Тоде Мариоски од с. Подмол на Митровден му заврши полјаклоко во Марул, моментално полето е без чувар сé додека не се назначи нов полски чувар, полјак. Исто така, есенската сеидба пред или по Митровден е завршуват.

За летната слава за денот Митровден во с. Подмол сончев ден имаше многу гости како во црквата, а уште повеќе на средселото на визита по куќи за доручек и ручек. На средселото ги имаше повеќе рала свирачи оркестари. Од Марул беа комплет Нацко и Симон со кларинетите, Петре со тапано, Јосиф од Далбеговци, Ношпалските свирачи Гоце, Мише, Бале тапанџија, Узуновци од Ерековци тоти гајдаџијата Торне од с. Црничани. Сите оркестари беа распоредени на средселото и си има свои ораџи, песнаџи и сеирџи без никакви меѓусебни недоразбирања и провокаци. Народот разшетан низсело кај роднини и пријатели на визита наречено на ракија.

После ручекот средселото се исполни со народ, ораџи, песнаџи и сеирџи. Тука се виде да према носијата да има гости во Подмол од повеќе краеви, поближни, подалечни. Према нашите селски традици од нашите краеви да било за куќна или пак селска слава, секогаш на новите брачни другари му се прави чест од своите најближни роднини, се покануват како гости со целокупната тајфа, свекоро, свекрвата, момчето, невестата и золвата која служи за подотерување во носијата на невестата. Во случај ако поканетите гости не се во можност да дојдат при поканата од разни причини, тоа му е оправдано.

Канетите гости со својата тајфа после доручекот излегуват на шетање каде се поканети речено на ракија или на визита, за да стигнат насекадо до време за ручекот. Немат време за да бидат присутни за на средселото. На средселото пред ручекот слободните гости претежно младешо и слободните гости без некоја обавеза. После ручек на средселото се видоја тајфи на повеќе младоженци, меѓу нив и марулските младоженци Јанкоски Трајче со невестата Верка, Бошески Трајче со невестата Слободанка замешани во народот и разиграни на музиката на Нацко, Симон, Петре, роднини на марулските младоженци.

1.

На свекорот Јанкоски Крсте, мајка му Благуна е Москоска, па тука се неговите роднини, браќата Најдо, Трајан и Ванѓел.

На свекрвата Крстејца Дуна, прва брачеда и е Кржеска Толејца, тетката Чона, сестра на татко е на Дуна, Ристе Мамалига од с. Мојно.

Костески Видан односно и неговиот син Благоја му се нунчеви на Јанковци во нашето Марул. Павлеска Анѓа од Марул е мажена за Кеноски Ристе – Тошески во Подмол. Нејзината внука Калина Тошеска од синот Видан и Павлески Трајан дедо е на Верка Павлеска се втори брачеди.

2.

Свекорот Коле Бошески, роден Ризоски во село Врбјани, прилепско. Растен во Г. Коњари во 1918 година Коле е оженет за девојката Цоцеска Толева Цвета од с. Подмол со која има две деца Борис и Благуна. Мајката Цвета умира млада. Коле иди за домазет 1927 година во Марул за вдовицата Богојојца Мара Колеска (Бошеска) родена Танеска од Марул. Борис синот и Ќиро Иваноски од Подмол се први брачеди од мајка Цвета и брато Петре Цоцески.

Мара има внука од брат во Подмол, Илијоска Димитрица Цвета. Ако навлезете подалеку во минатото ќе се сознаеме да Мара Танеска има баба Стојна Танеска, мажена за Кеноски Тале Кено, сестра на дедо је Ристе Танески, по татко е Стојан. Тале и Стојна имат две деца, Јоше и Неда. Јошево потомство се синовите Ордан и Илија Кеноски Тошески.

Ќерката Неда е мажена во Подмол за Петре Сиџимоски – Кочоски кој има повеќе деца: Ѓорѓија, Јоше, Цветан, Трена, втори брачеди на Мара Танеска (Бошеска).

Павлеска Анѓа од Марул е мажена за Кеноски Ристе – Тошески во Подмол. Нејзината внука Калина Тошеска од синот Видан и Павлески Трајан, дедо је на Спасија сега Бошеска, се втори брачеди.

Синот на Коле Бошески, Борис Ризоски е оженет за Митреска Ристана Ѕубероска од с. Подмол. Мајка е на Трајчејца Бошеска Јованчејца Павлеска Анѓа е родена Петреска Бабјакоска. Митревци Ѕуберовци и Петревци Бабјаковци се постари деленици односно Митре и Петре се браќа, Марко и Велјан се први брачеди, Ристана и Анѓа втори брачеди. По таа рода, браќата Ѕубероски Коста и Божин е имат внуката Спасија покането со тајфата на гости на Митровден. Коста и Божин има брат Младен отиден домазет во с. Суводол, битолско.

Бабјакоска Петрева Ордена, сестра на Велјан Петрески Бабјак мажена за Никола Котески во Подмол во бракот познати се три деца, Јованче, Нечка и Спасија. Јованче за прва жена е има Темјана, ќерка на брачниот пар Најдо Чунтески од Бонче и Сребра Цоцеска од Подмол. Нив им се роди прво дете машко под име Бале, Благоја. Набргу мајка му Темјана умрела. Јованче се преженува за вдовицата Калина од Лисковци од с. Добрушево со едно нејзино дете сираче од првиот нејзин брак. Јованче и Калина во нивниот брак го имат детето Тоде. Братот на Јованче, Нечко е женет за Донка Трајкоска – Чкуроска од с. Штавица. Нечко и Донка, позната од наша страна, имат две деца, Димитрија и Ќиро кој си имат потомство.

Третото дете на брачниот пар Котески Никола и Ордена, девојчето Спасија, мажена е за Бошески Трајан во с. Подмол. Овој брачен пар према наше сознание има четири деца. Ванѓел, Драган, Најдо и Павле. Петреска Анѓа Бабјакоска се сега Павлеска Јованчејца, мајка е на Спасија Павлеска му е прва брачеда по тетка е Ордена по татко е Велјан на Котески Јованче Нечко и Спасија. По таа нивна рода, свекоро Коле Бошески е поканет со тајфата за на гости кај нив за Митровден.

Нешто за Котески Видан поликаро за време на Првата светска војна Котески Видан како бугарски војник на Фронто паднал во грчко заробеништво. Сепак, се нашол Видан во некоја веселба каде се играле ора, можи и песни. Видан се фатил на едно оро како ороводач. Од страна сеирџите почнале да викат по Видан на грчки: ети цуле поликарос, а ти момче шири го орото. Видан тие зборови ги донесол и раскажал во Подмол. Од тие зборови добил прекар Видан поликаро. Дали се правилно преведени од грчки на македонски и тој самиот не знаел. Прекарот го добил и како наследство останал до неговото потомство преку синот Благоја Поликаро.     

Продолжува    

Loading