Фудбал: Турнир “Прилеп куп”
За долго паметење е четвртото издание од Меѓународниот турнир “Прилеп куп 2025” на градскиот стадион “Гоце Делчев”. Публиката три дена уживаше. Во шесте категории. Победници се Ферплеј (Охрид), Еден на еден (Могила, Битолско), Перак (Прилеп), Тони 1 (Прилеп), Тиквеш (Кавадарци) и Пелистер (Битола). Изненадување за многу емоции предизвика видео-обраќањето на некогашни членови на “Тони”, кои со одбрани зборови потсетија дека првите чекори ги имале токму во школата со 25 годишна традиција. Завршницата беше кулминација, спектакл, бидејќи наградите – пехари и медали, ги доделија познати фудбалери: Столе Дунимаглоски, Даниел Карчески, Дарко Илиески, Јорданчо Наумоски, Тони Наумоски и Милан Тодороски.
Организаторите, Општина Прилеп и ФШ “Тони” за в година го најавија петтото издание на турнирот.