Фудбал: Победа и Големо Коњари
Од Победа нема информација за дојдени, а преку досегашни првотимци се дознава за заминати. Досега се тројца заминати: Метин Ќерими, Јусуф Каба и Иван Николоски. За голманот Иван Николоски се знае дека премина во прволигашот Шкупи од Скопје. За Победа официјална е само најавата дека летните подготовки ќе почнат околу 10 јули.
Во клубот Големо Коњари продолжуваат акциите за дотерување на игралиштето. Со преодниот рок, заминат е Христијан Кукески во Швајцарија, а дојден тренерот Јовица Блажески од Македонски Брод. Подготовките почнуваат на 13 јули.