Кромидот најчесто се користи во салата и во разни јадења. Овој корен е и ефикасен лек. Добар е и за некои марифети во куќата. Му помага на телото да се бори против слободните радикали кои предизвикуваат хронични болести, како што е ракот. Го зголемува имунитетот, спречува мачнини, лекува болести на респираторниот систем. Помага во лекувањето на дијабетес, некои проблеми со срцето, холестеролот и артритисот.
Еве некои здравствени начини за користење на кромидот.
Против опаѓање на косата – Зовријте малку вода со кромид и користете ја течноста како средство за подготовка пред шампонирање, за да помогне во борбата против губењето на косата и да овозможи раст на нова коса. Нејзините антимикробни својства ќе го елиминираат првутот и ќе промовираат нов раст, додека антиоксидантите ќе го сопрат губењето на косата и ќе помогнат да стане погуста и посилна.
Слободно дишење – Сомелете кромид и направете паста со додавање кокосово масло. Намачкајте ги градите со пастата и покријте ги со крпа. Кромидот станува природен антибиотик и го јакне имунолошкиот систем. Кромидовата пареа, функционира како експекторант за разредување на слузта во градите што предизвикува кашлање.
Смирете ги болките во грлото – Направете чај од лушпите на кромидот. Пијте го голтка по голтка и правете гаргара. Ако не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете малку лимон и мед. Антивоспалителните својства на кромидот ќе ја намалат болката и воспалението во грлото.
Повраќање и мачнина – Исечете кромид и изрендајте го да го извлечете од него сокот. Сварете малку чај од нане и оставете да излади. Пијте по две лажички сок од кромид и почекајте пет минути. Потоа пијте две кафени лажички чај од нане. Повторете го ова додека не прекинете со повраќање.