Концерт на Керамија

Вечерва од 19.30 часот на летната сцена од ЦК “Марко Цепенков”  концерт ќе има женскиот камерен хор Керамија. Гости се КУД “Стив Наумов” од Битола и градскиот камерен хор Астибо од Штип. На програмата се различни композиции од светски и македонски композитори.

Женскиот камерен хорот Керамија е формиран во 2023 година на иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар педагог. Името го означува античкот град Керамија, кај Марковите Кули.  Во женскиот хор членуваат и аматери  и девојки со музичко образование.

Loading