Две победи на Европското

Џудо

На Европското првенство во џудо за кадети во Скопје Теодора Илиоска (категорија до 57 кг.), членка на ЏК Сеишин од Прилеп беше единствена од целата македонска репрезентација која оствари 2 победи. Во 1. коло таа со Леа Болтванова (Словачка) победи 10-0 со ипон. Во 2. коло по поразот од Софија Пеки (Финска), во репесажот против Десара Ндоци (Албанија) оствари победа 10-0 со ипон. На крајот, во финалниот репесаж, загуби од Катерина Кајзер (Германија).

Сестра и Тамара (категорија до 52 кг.) од ЏК Сеишин, во голема борба во 1. коло загуби од Сидорела Додај (Косово), а во репасажот од Ајсун Мамадова (Азербејџан).

 Стручниот тим од Сеишин е задоволен од настапот на своите членки.

Loading