Дела на Филип Јовески

Изложба

По успешното претставување во културно-информативниот центар на во Белград, мултимедијалниот трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, ја носи дома, во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” 12-та самостојната изложбата, насловена “Живи артефакти – (АР)тистика”. На повеќедимензионалната, интерактивна и мултимедијална интервенција во простор, што ќе биде отворена вечерва од 20 ч. презентирани се уметнички дела, инспирирани од нашето богато материјално и нематеријално културно наследство, како и од мотивите на македонските народни носии. Се среќаваат традицијата, технологијата и новите медиуми.

– Делата се транс-дисциплинарни. Меѓусебно се поврзуваат повеќе уметности: архитектура, скулптура, музика, филм, дигитална анимација, поезија и визуелна уметност. Претставени се на повеќе нивоа на реалност: едно е физичкото кое го гледате веднаш штом застанете пред делото, а другото е виртуелно (дигитално) – кое можете да го видите со помош на апликација на вашиот мобилен телефон. Во истиот момент, двете дела ги гледаме паралелно на истото место, надредени, но во сосема различни реалности (физичка и виртуелна). Во тој момент, визуелниот код се претвора во дигитален кој, пак, се претвора во информација која е визуелна и аудитивна. Иложбата е продолжение на првонаградени мултимедијални дела од последното издание (2024 година) на реномираното и во светски рамки познатото Остен Биенале – вели уметникот Јовески.

Loading