Камелеоните ги менуваат само боите, а лажговците – светот.
*
При купени факултетски дипломи се’ повеќе се бараат за вработување средношколци.
*
Постојат минери кои ги минираат и најдобрите предлози.
*
Насилството секогаш е алатка на злото.
*
Доста е веќе климање со главата. Време е другите да ни климаат.
*
Со учење од минатото успешно ќе може да се зачекори во иднината.
*
Наместо вкрстување на оружјата, решавајте крстозбори вкрстувајќи ги зборовите.
“Д-р Хаџи-Васков”