Поштенски абер сред град

Во старо време аберџии јавале на коњи со посебни самари. Товарени со по два големи сандаци полни со вреќи писма стигнувале сред градот. Анџак понеделник и четврток дошло, па аберот стигнат од далеку на цел глас пред тутма раја. Де со товарни коњи, де со запрежни коли, па и вагони по пруги железнички дури, битно писмата да фрчат и да носат арни и лоши вести. Шуќур, стивнала друга војна, па и Прилеп се почестил со поштенска станица, прочуената Стара пошта на местото од денешна Комерцијална банка. Биднала и работата со поштите и телеграфите, приватност добиле граѓаните, насамо писмо љубовно да си читнат.

Loading