Бизнис лига
Екипата СОНК е победник на Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп. Во финалето од плејофот: СОНК – Витаминка 2:0, со головите на Влатко Тошески и Валентин Колевски. Во салата “Еврогол арена” претходно се одигра и мечот за 3. место, Паркетар Горан Електроелемент – ВИК 3:1. Стрелци: Дејан Димески, Виктор Ристески, Менде Пуличоски – Кире Брсакоски. Според ова, конечниот редослед на најдобрите четири тима е: СОНК, Витаминка, Паркетар Горан Електроелемент, ВИК. На сите најдобри им беа доделени пехари, медали и плакети. Во сета Бизнис лига учесници беа 18 тима, а за следната сезона се очекуваат уште повеќе.
Првпат Бизнис лига на Прилеп имаше во 2011/12, кога првак беше Кабелнет.
![]()

