Фељтон: Томе Велјановски
Како што се гледаше на средселото, убавина од народ. Машките во мода различни, пантоломи повеќето носеа, плетени летни опинци, сатови на раката и кошули пепелави подсињети со пагуни на рамената.
Додека девојките облечени во терзички кошули со црни грлки, црни вермелина терзички и терзички опрегачи – препашалници. Кошулите со кратки ракави без додатни свилени ракавчиња поради времето е сончево, топло, повеќето чкепосани чорапи и чевли по свој избор различити. Имаше и градска носија, претежно гостите кои беа од градовите. Средселото живо весело, поготово од младежот, убава глетка. Преку денот како помошници, заменици за свирење се приклучува кларинетистите Вешероски Мише од с. Ношпал, зет Колески и Узуно Ристе бончанец преселен во Ерековци, пријател на Нацко и Петре Мурџески. Сета отсвирена музика на средселото беше бесплатна. Од денот Мала Богородица веќе започнува сводниклакот за женење на тие кои е имат намерата секогаш се носат подотерано во носијата.
Домаќинските трпези за дочек на гостите секогаш се богато наружани со пијалок жесток и благ со повеќе вида мезалоци. Леблебии помешани со суво грозје, разновидни шеќери. Салата од пресна зелка, лубеница, кисело млеко и други мезалаци, сезоната е богата со сите артикли.
Додека, на средселото и корзото се одвива големи веселби, постарите гости организирани во друштво одат на посета кај свои роднини и пријатели наречено на ракија кај домаќините. Во секое домаќинство се гледа да чадат два оџаци, еден во кујната, другиот во фурната – печалницата каде увалува печалницата за да се печат тепсиите со приготвеното свинско месо. Една сама домаќинка не можи да ги постигни сите овие работи. Сепак ќе има некоја помошничка од куќната рода или пак има платено куварка готвачка.
Поради двете села Марул и Штавица се во непосредна близина како соседни села во далечина помалце од пет километриц, а е имат истата селска слава Мала Богородица, после доручекот многу гости од вечерта го менува престојот на гостинлакот за време за ручек одат од едното во другото село и обратно. Тоа зависи од близината на нивното стално живеалиште. Била сега и за во иднина, така ќе биди. Така да многу гости ги посетува двете села со истата слава, со едно пукање, два зајаци према народната поговорка.
Дојде времето за ручек, прекрши пладнинскиот сончев ден. Народот од средселото се испразни, разотиде по куќи кај своите конаци. Ниту еден човек не остана на средселото. Иако имаше присутни гости сеирџи на средселото без конаци, тие беа сместени кај свои познаници за ручекот. Голема е страмота на една селска слава некој да остани осамен. За ручекот се знае што следува, супа, чорбесто јадење и печење од свинско месо во тепсии поставено на трпезите за ручек. Од страна на пијалок жесток и благ пијалок поготово винска шира.
Откако гостите завршија со ручекот поново тропна тапанот на средселото. За кратко време народот се собра на средселото и продолжи попладневната весела, забава со ора и песни. Поново веселбата продолжи со ораџи, песна и сеирџи. Веселбата траеше подолго време активно. Штотуку сонцето навали за на запад, гостите почна да си одат кој од каде дошле. Средселото се испразни од дојдените гости, остана домашните жители, моми и ергени да раскажуват за селската слава за денот Мала Богородица на 21 септември 1959 година во с. Марул.
Една недела по Богородица Мала, ортаците овчари Павлески Игне и Бошески Драган го растурија ортаклакот со овчарлакот без никаква расправија меѓусебна, беше чудно нешто. После две недели од чудото при делбата со овчарлакот во денот Недела, младежот шета на корзото кај средселото, меѓу нив се и Павлеските девојки, Спасија, Горица и Менка. Ергенот Бошески Трајче, тој во нивното гумно поред сливата магарешка.
Туку од ненадешт девојката Павлеска Спасија Прејде преку ѕидот во гумното Бошеско, отиде кај Трајче, се поздравија, направија еден бакнеш, се фатија подрака и замина дома кај Бошевци. Тоа беше големо изненадување за сите присутни на корзото. Кај Бошевци преку денот се отвори голема веселба, речено свадба. Тоа беше мажења на двете Павлески девојки Верка и Спасија, први брачеди од една куќа. Верка Игнева на денот Велигден за Јанкоски Трајче, а Спасија за Бошески Трајче. Делбата на овчарлокот беше смислена работа. Предвидувањето на пророкот Павлески Ванчо, нивни деленица се оствари кој велеше, агите наши ќе останат без работна снага, можно е и третата девојка да ги напушти агите, се заљубила со свирачот со гранетата.
Женидбата на Колески со Дамјаноска
После две недели од женидбата на Бошески Трајче со Павлеска Спасија се догоди уште една радосна вест. Колески Благоја се ожени како бегалка со неговата љубовна девојка Дамјаноска Слободанка Марулчанка во квечерното време. Вечерта кај Ќире Колески како свекор се играше и пееше до касното ноќно време со придружба со свирачите Нацко и Петре Мурџески и Симон Чонески.
Колевци го пратија како мирач, посредник Стеваноски Живко Гулабоски Дамјаноски, роднина дедо му Огне Гулабоски и Дамјаница Ристана се први брачеди од две сестри Божиноски од с. Бонче. Живко една вечер оди кај Дамјановци за спогодба на младоженците. Ристе, татко е на Слободанка, дипломат, разбран човек го ислушува живковото кажување и дава одговор, Живко тебе можам да те почестам едно чаше ракија или вино или едно кафе, друго ништо не можиме да направиме без главните личности. Те молам, оди до Колевци и со тебе доведи ги свекоро Ќире, зето Благоја и ќерка ми Слободанка да видиме што да направиме да се договориме што тие од нас ќе бара за чеиз, што можиме ние да му дадеме. Живко оди кај Колевци и со него ги носи посочените лица и золвата Дуна.
Сватовите класично чисто се договорија, направија мир. Дамјановци како домаќини спрема богата вечера со пијалок и кафе, со тој договор си направија отворен пат за посета на куќните верски слави Св. Аранѓел кај Дамјановци и Св. Никола кај Колевци. Повеќето од марулските домаќинства при потреба за сватови без разлика дали се будилници машки или женски за поправка или нови купени сатови главен нивни мајстор им беше прилепчанецот, сатчијата Пецо Чучуро Чучуроски, внук од брат на Колески Ќире. Пецо често пати беше видуван кај Колевци.
Дојде денот и за денот Св Петковден, некој пак викат Петкоен. Петковден е првиот зимски ден како куќна слава. Додека истиот ден Петковден е селска слава во с. Чаниште, таму го викат летна слава. Присетување на книгата од Стале Попов за Калеш Анѓа, грабната од турските арами – качаци. Во. Марул сведенот Петковден за куќна слава го слават четири домаќинства браќата Ванѓел и Благоја Велјаноци и брачедите Трајан И Ванчо Павлески. Петковден денот ако биди во мрсен ден, се дава мрсно јадење. Ако пак, денот е во посен ден, среда или петок, се дава посно јадење. За денот Петковден гостинските трпези за прв пат се стават и варени костени и по тоа го викат зимен славен ден. За денов Петковден немаше вечерта со музика поради свирачот најденко беше отсутен, посетуваше вечерни просветни курс во с. Добрушево. Кај Павлевци Горните беше пречекан без музика како и кај Велјановци. Додека кај Долните Павлевци, денот Петковден беше нешто повесело.
Продолжува