Очите на Сибиу

Сибиу, град во Романија, кој беше прв европски град на културата, е значаен културен центар, почнувајќи од средниот век. Имал силно влијание во историјата, бидејќи бил продолжена германска рака на развојот на духовната и интелектуалната свест. Градот, под заштита на Унеско, е град на очите. Секоја куќа на покривот има очи, кои мислиш дека го следат посетителот на секој чекор.

Се зоздале две приказни зошто се изградени прозорците. Првата е дека прозорците на покривите ги граделе Германците, заради шпионирање, а втората заради подобра вентилација. Како и да е, ова е специфичност и препознатливост, што го прават градот познат.  Поделен е на Горен и Долен град. Горниот е центар на трговијата низ историјата, а во долниот било концентрирано производството. Сите знаменитости се “Горе”. Големиот плоштад е центарот уште од 15 век. Обиколен е со најважните градски објекти и најубавите куќи со очи. Тука е Брукентал палатата, од 18 век, сега музеј, некогашна резиденција на личниот советник на царицата Марија Терезија, кој содржи импресивни колекции на слики и книги. Пред палатата е и неговата статуа. До неа е Језуитската црква, една од најважните градски објекти. Шетајќи низ плоштадот се открива и барокната Сина зграда, арт нов објект, со голема фонтана. Блиску е Кулата од 13 век со убав поглед. Патот води за Малиот плоштад  со Мостот на лагата. Пешачкиот мост, е граден  во 19 век на местото на стар дрвен мост со легенди дека доколу стоејќи тука се каже лага, мостот ќе се урне. Другите две приказни се дека од тука се фрлале продавачите кои сакале да ги излажат купувачите, односно дека било место каде се среќавале двојките и се чекале. Ч екајќи, девојките дознавале дека момчињата ги мамат.  На Малиот плоштад се простираат тезги со  сувенири. Блиску е и Музејот на фармацијата, а зад мостот на лагата е куќата Калфелор. Тоа е гостилница во која се задржувале патувачките занаетчии во средниот век. Хует плоштадот не личи на плоштад, ама е локација на Лутерантската катедрала. Од врвот се гледа секој  дел градот. Датира од 14 век на местото на стара црква. Тука бил убиен и почива Миха Зли, озлогласениот војвода на Влад Цепеш. Подолу е православната црква посветена на Света тројца. Интересно е што е изградена според архитектурата на Аја Софија од Истанбул.

Тука би требало да е последната точка од кусото патување низ градот на очите, макар што постојат уште неколку историски вредни храмови. Во следната “тура” пожело е да се видат Дебелата кула, Кулата на дрводелците, Тесарската кула и Кулата на Алкебузур.

Сибиу е различно место од другите трансилвански градови. Се чувствува средновековниот дух. Уживање е храната со сибиски специјалитети во некој од рестораните на плоштадите, залиена со вкусното вино јакоб.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading