Не еден, двајца се во Алкалоид

Шах: Од ШК Прилеп

Во Струмица завршија државните поединечни првенства за млади категории шахисти, така што во секоја категорија познати се освојувачите на медалите. Во највозрасната категорија, до 18 години, 13 учесници одиграа 6 кола, а меѓу наградените (со сребрен медал за 2. место со 4 поени) е прилепчанецот Никола Павлески од скопски Алкалоид. Пријатно изненадување е тоа што имаше уште еден прилепчанец на првенството од истиот клуб (Алкалоид), Михаил Маркушески, 10-то пласиран со 3 поени, исто колку и 6-иот на табелата. Двајцата се дојдени од ШК Прилеп.

Се одржаа и првенства во други возрасни категории. Меѓу клубовите со медал се вброи и ШК Прилеп, благодарејќи на Теодора Ѓорѓиеска, освојувачка на сребро во категоријата до 16 години.

Loading