Мермерниот комбинат подари апарат – стрес тест

Во болницата

Мермерниот комбинат донираше најсовремен коронарен стрес тест апарат за болницата. Поради недостиг на ваков апарат, оваа метода повеќе од 10 години не се користеше в болница и пациентите беа препраќани во другите градови.

– Оваа најсовремена опрема директно ќе ја подобри способноста на болницата да идентификува кардиоваскуларни проблеми, честопати пред тие да станат опасни по живот, што на крајот ќе доведе до поздрава иднина за граѓаните. Посветени сме на поддршката на виталната работа на нашите здравствени работници и обезбедувањето на пристап до најдобрата можна грижа за нашата заедница – рече Василеос Анагностоу, директор на Мермерниот комбинат.

 – Ќе даваме максимум да ги опремиме сите одделенија. Дел ќе ги опремуваме со донации, дел со сопствени средства, дел преку Министерството за здравство. Го фаќаме трендот со модерното здравство – рече Кире Јоноски, директор на болницата.

Дел од персоналот веќе е обучен, а за дел треба да има обука. Стрес тестот ќе може да се кориости со мој термин, така што се очекува да доаѓаат пациенти од целиот регион.

– Методата стрес тест или ергометрија е неинвазивна, но доста вредна метода во кардиологијата, бидејќи е лесна за изведување, а потребна од практичен и научен аспект. Ги дијагностицираме сите случаи со нејасни причини за градна болка или рана детекција на коронарна артериска болест. Важна е за клиничка евалуација за сите пациенти со сомнеж за исхемија и кај сите пациенти каде постои голем ризик за кардиоваскуларна болест –  изјави Александра Милеска Благојеска, кардиолог во болницата.

Loading