Премиерот Мицкоски во Прилеп
Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцки на трибината во Прилеп даде отчет за сработеното во изминатата година и притоа, меѓудругото, соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени мерки за самовработување.

– Една е поддршка за самовработување со 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години. Предвидена е неповратна поддршка од 10.000 евра, а за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години. На овој начин ќе обезбедиме поддршка на приватната иницијатива и потикнувам што повеќе луѓе ова да го искористат – рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски истакна дека состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.
– Не почнавме од нула, почнавме од минус, рече Мицкоски, додавајќи дека разбира дека очекувањата се повисоки. Вели дека треба трпеливо и чесно да се работи и најдоброто допрва ќе се случи.
Премиерот знае дека мора да направи сé граѓаните да имаат подобар живот.
Според него, за Прилеп важно е што се обезбедени и платени над 9 милијарди денари субвенции за земјоделците.
Тој најави нова ера во Македонија, која ќе стане земја на можности, на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее. Не вети брзи решенија, затоа што промените бараат време, трпение и упорност. Секој ден на напредок, победа.
– Оваа беше година на напорна работа, посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе поттикне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на Македонија допрва доаѓа – рече Мицкоски.
На трибината зборуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за дигитална трансформацијат Стефан Андоновски, директоркат на УЈП Елена Петрова и пратеникот Бојан Стојановски.
![]()

