За детското одделение
Германската компанија ВИК донира современ апарат за видео електроенцефалографија за детското одделение во болницата. Апаратот е од реномирана компанија во областа на дијагностиката на електричната активност на мозокот, видео снимање на пациентот, анализа на состојба доколку има сомнение за абнормална електрична активност на мозокот.

– Ваква опрема има само во клиниката за педијатрија и во некои од приватните здравствени установи во Македонија. Донацијата дополнително ќе ја зацврсти дијагностиката за педијатриската неврологија – изјави д-р Киро Јоноски, директор на болницата.
Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност и дополни дека ВИК донирала инвентар во една од детските градинки.
Компанијата ВИК работи во индустрискта зона Алинци. Препознатлива е по поддршката на заедницата.

– Ја поддржуваме локалните заедници во заштитата и поддршката на идните генерации. Се фокусираме на децата и на животната средина, бидејќи тоа е основата на заедницата. Ова не е за нас да се покажеме и да им кажеме на другите колку сме ние добри, туку веруваме дека ова е нешто што мора да се направи. Ги повикуваме другите да се придружат со ваквите напори. Мојата сопруга и јас имавме предвремено родени близнаци. Тие беа родени 10 недели порано. Со нив минавме 8 недели в болница, се преселивме во главниот град на Швајцарија. Сé што требаше беше технолошки направено да им се помогне на нашите деца да го продолжат животот. За нас е од суштинско значење да дојде ден кога ќе нé прашаат зошто не ги вложивте сите напори за водење грижа за планетата и за животот. Затоа ВИК, која е фамилијарен бизнис, прави сé што е во можност за поддршка во заедницата, и иднината да биде подобра. Иднината на децата е многу важна. Важен е и здравствениот систем. Можеме да поддржиме и сме посветени на тоа – рече Кристофер Доерн, извршен директор и член на бордот на директори на ВИК групацијата.