Фудбал: Меѓународен турнир “Прилеп куп”
Четвртото издание е на Меѓународниот фудбалски турнир “Прилеп куп”. Наместо на “Могила”, сега првпат мечевите се на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. На три терени настапуваат 70 екипи од 6 возрасни категории-– деца од 7 до 12 години. Учесници се клубови и школи од Македонија и од Србија, такашто турнирот го задржува меѓународниот карактер. Возбудувањата се три дена – денеска, утре и в недела. За најдобрите има вредни награди од организаторите Општина Прилеп и ФШ “Тони”, школа со јубилеј од 25 години постоење.
Гости се познати фудбалери, излезени од ФШ „Тони”.
![]()

